Војниците ја напуштија областа на крајот на операцијата / Photo: AA

Израелската војска денес објави дека во текот на ноќта со тенкови извршила „целен напад“ во северниот дел на Појасот Газа.

Во соопштението за медиумите, Армијата наведе: „Предводени од Бригадата Гивати, воените сили извршија целен напад со тенкови во текот на ноќта во северниот дел на Појасот Газа, како дел од подготовката за следните фази на борбата.“

За време на упадот, Армијата спомена дека цели на војниците биле борци, милитантна инфраструктура и позиции за лансирање противтенковски ракети, како и дека патролирале во областа. Не се дадени дополнителни детали.

„Војниците ја напуштија областа на крајот на операцијата“, соопшти Армијата.

Израелската војска претходно најави најмалку три слични операции од почетокот на конфликтот.

Конфликтот во Газа почна кога палестинската група Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал-Акса“, повеќестран ненадеен напад на 7 октомври, лансирања на ракети и инфилтрација во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека нападот бил одмазда за упадите во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа започна немилосрдно бомбардирање на позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа над 7.900 луѓе, од кои најмалку 6.546 Палестинци и 1.400 Израелци.

AA
Популарни