Катар се стреми да постигне прекин на огнот во Газа за месецот на постот, Рамазан / Photo: AA

Катар денес објави дека нема напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Преговорите досега не дадоа никакви конкретни резултати“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.

„Сепак, ние сме оптимисти дека ќе имаме нешто денеска или утре“, додаде тој.

Тој истакна дека Катар се стреми да постигне прекин на огнот во Газа за месецот на постот, Рамазан.

„Ситуацијата на теренот, сепак, е сосема поинаква бидејќи има многу препреки“, додаде Ал-Ансари, без да наведе повеќе детали.

Ал-Ансари рече дека протокот на хуманитарна помош во Газа се намалува, повикувајќи на посилни напори на меѓународната заедница за олеснување на испораката на помош во палестинската енклава.

AA
Популарни