COP изминатите декади придонесе климатските промени од маргинално прашање да станат приоритет во светски рамки     Фото: АА / Photo: AA

Шарм Ел Шеик во Египет од денеска до 18 ноември ќе биде домаќин на 27 глобална конференција за климатски промени КОП (COP 27). Близу 200 држави ќе имаат свои претставници на конференцијата чија задача е спроведување на договорените акциони планови во областа на климатските промени преземени со Парискиот договор и Конвенцијата на ОН. Најавени се дека ќе присуствуваат 90 претседатели на држави

Во продолжение неколку факти за Конференцијата, контекстот и целите на нејзиното одржување.

Што е КОП?

КОП или Conference of Parties се одржува три децении под покровителство на Обединетите нации. Претставува годишна Конференција на која учествуваат најголем дел од државите во светот потписници на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени и Парискиот договор. Изминатите декади придонесе за тоа климатските промени од маргинално прашање да станат приоритет во светски рамки. Во рамките на КОП државите договараат стратегија за намалување на негативните ефекти од климатските промени и емисијата на стакленички гасови.

На што ќе се фокусира КОП27?

Под мотото „Заедно за имплементација” во време на глобална закана од климатските промени КОП27 ќе биде настанот на кој светските лидери ќе треба да покажат солидарност и да со конкретни акции да преземат одговорност во моменти кога тоа е најпотребно.

Климатското финансирање, справувањето со недостатокот на храна и вода, прилагодување на океаните, водниот транспорт и изградбата на инфраструктура поотпорна на климатски промени ќе бидат дел од темите кои ќе бидат во фокусот. КОП27 ќе биде самит посветен на конкретни мерки за имплементација на договорени стратегии. Пред се за неутрализирање на негативните ефекти од глобалното затоплување и ограничување на годишниот скок на температурите на глобално ниво на 1,5 степени целзиусови годишно.

Африка најзагрозена?

Усвојувањето на американското законодавство во делот на климата и зголемувањето на ангажманот од страна на држави како Австралија и Индија, главните инволвирани како Пит Огден од Фондацијата на Обединатите нации за климатски промени, ги сметаат за големи успеси. Сепак приоритет на домаќинот Египет е акциите за промени овој пат да бидат главно насочени на африканскиот континент. Со оглед на фактот дека негативните ефекти од климатските промени таму најизразено се чувствуваат, иако одредени истражувања покажуваат дека Европа е континентот каде е регистриран најголем пораст на температурите.

Египет како организатор пред почетокот на Конференцијата бара развиениот свет да го реализира ветувањето за 100 милијарди долари годишно како помош за земјите во развој

Војната во Украина дополнителен проблем

За разлика од останатите конференциим КОП27 се одржува во специфични услови. Негативните ефекти од климатските промени се надополнети од недостатокот на енергенти предизвикан од војната во Украина. Тоа дополнително го прави контекстот во кој се разгледуваат климатските промени уште попроблематичен. Скокот на цените на храната ја комплетира сликата за бројните предизвици со кои се соочува светот.

TRT Balkan / агенции
Популарни