Русија не очекува позитивен резултат од посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Песков во Москва одговараше на новинарски прашања за актуелните случувања, а запрашан дали Русија ќе испрати дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Доњецк, рече: „Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ситуацијата во Доњецк е прилично тешка. Руското Министерство за одбрана исто така ги презема сите неопходни чекори за да се подобри состојбата.“
Тој наведе дека Путин денес ќе одржи сеопфатен состанок со претставниците на руското Министерство за одбрана.
„Путин ќе одржи важен и долг говор. На состанокот излагање ќе има и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу“, откри Песков.
Одговарајќи на прашањето дали Русија очекува позитивен резултат од посетата на Зеленски на САД, Песков кратко одговори: „Не.“
Гласноговорникот на Кремљ се осврна на новите испораки на оружје на САД за Украина.
„Како што испораката на оружјето продолжува, така разновидноста на испорачаното оружје се шири. Сето тоа, секако, доведува судирот да стане понегативен и тоа не е добро за Украина“, порача Песков, гласноговорникот на Кремљ.