Кремљ: Западот да помогне за преговори помеѓу Русија и Украина / Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Западот би можел да помогне во организација на стабилни руско-украински мировни преговори изјави во Москва гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Комуникацијата со Западот исто така би можела да биде водечки охрабрувачки елемент на таква комуникација, бидејќи директивите кои доаѓаат оттаму Киев многу совесно ги спроведува“, рече Песков.

Коментирајќи ги изјавите на италијанскиот политичар Силвио Берлускони, кој предложи да го „намами“ рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот украински колега Владимир Зеленски, Песков препорача прво да се „намами“ украинскиот претседател.

Москва повеќе пати го критикуваше Зеленски бидејќи ја исклучи можноста за разговор со актуелното раководство на Русија со потпишување на закон минатиот месец, по анексија на делови на Украина.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски неодамна изјави дека „почитувањето на Повелбата на Обединетите нации и компензацијата за загубите“ се услови за почеток на мировните преговори со Русија, кои Москва ги смета за неприфатливи.

TRT Balkan / агенции
Популарни