Ле Дриан: Треба да ја признаеме државата Палестина / Photo: AA Archive

Поранешниот француски министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Франција „треба да ја признае државата Палестина“.

Говорејќи за „Суд Радио“, Ле Дриан се осврна на палестинското прашање и судирот меѓу Израел и Хамас.

Потсетувајќи дека Шпанија планира да ја признае палестинската држава во блиска иднина, поранешниот министер за надворешни работи праша: „Зошто Франција не ја признава палестинската држава? Лично мислам дека треба да се направи тоа.“

Осудувајќи го насилството извршено од Израел, Ле Дриан ја истакна потребата од создавање соодветни услови за примирје во Газа и повика на ослободување на затворениците и пристап до хуманитарната помош.

Во одговор на прашањето дали постои опасност од геноцид во Газа, Ле Дриан рече дека „зборот геноцид треба да се користи многу внимателно“, па тој збор не го употреби во овој контекст.

Францускиот претседател Емануел Макрон во февруари 2024 година рече дека признавањето на палестинската држава „не е табу“ за неговата земја.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија на 22 март објавија дека се подготвени да ја признаат палестинската држава кога ќе се стекнат „вистинските услови“, а потоа шпанскиот премиер Педро Санчез на почетокот на април најави дека ќе ја признаат палестинската држава пред летото.

AA
Популарни