Еден од лидерите на Хамас, Мустафа Мухамед Абу Ара е убиен во израелски затвор, со што бројот на затвореници кои беа убиени од 7 октомври се искачи на 19, соопштија во петокот палестинските организации кои се занимаваат со проблемите на затворениците.
„Административниот притвореник шеикот Мустафа Мухамед Абу Ара (63), од градот Акаба во провинцијата Тубас на северниот дел на Западниот Брег е убиен“, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.
Во соопштението се додава дека Ара „починал откако бил префрлен од израелскиот затвор Рамон во болницата Сорока поради сериозно влошување на неговата здравствена состојба“.
Ара, водач на Хамас и поранешен затвореник, бил апсен повеќе пати од 1990 година. Последниот пат беше уапсен во неговиот дом на 30 октомври 2023 година, а дека пред неговото апсење, Ара страдал од тешки здравствени проблеми и имал побарал интензивно лекарско следење.
Во соопштението се истакнува дека „Абу Ара, како и сите затвореници, се соочил со невидени злосторства и постапки од почетокот на војната за истребување во Газа, вклучувајќи тортура, глад и медицинска занемарување, кои беа основни причини за смртта на затворениците во израелските затвори и логори“.
Во соопштението се посочува дека со убиството на затвореникот Ара, бројот на затвореници и притвореници кои се убиени од 7 октомври 2023 година се искачи на 19.
Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Според локалните здравствени власти, убиени се речиси 39.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.400 се повредени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.