Авионот остана да виси на околу 30 метри во воздухот откако удри во една од главните далноводи во областа Гајтерсбург      Фото: Ројтерс

Мал авион се урна во неделата врз далновод за струја во американската сојузна држава Мериленд, предизвикувајќи големи прекини на електричната енергија во округот Монтгомери, но за среќа нема жртви.

Авионот остана да виси на околу 30 метри во воздухот откако удри во еден од главните далноводи во областа Гајтерсбург, објави на Твитер Пит Пирингер, главен портпарол на пожарникарската и спасувачката служба на округот Монтгомери.

Тој рече дека патниците во авионот се живи, бидејќи биле во контакт со нив. Подоцна во текот на денот двајцата биле спасени. Околу 88.000 корисници останале без струја, а сообраќајната сигнализација и некои лифтови исто така не функционираа. Затворени се и некои патишта во близина на областа, додаде Пирингер.

TRT Balkan / агенции
Популарни