Нетанјаху сега работи на тоа како да ѝ го објасни на јавноста / Photo: AA

Израелските медиуми јавуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одобрил прекин на огнот со Хезболах во Либан.

Израелската државна телевизија КАН објави дека израелската влада му дала „зелено светло“ на високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, Амос Хохштајн, кој посредува меѓу Израел и Хезболах, за прекин на огнот во Либан.

Истиот извор наведува дека Нетанјаху и дел од министрите синоќа одржале советодавен состанок за безбедноста и дека на средбата Нетанјаху го одобрил предлогот за договор за прекин на огнот во Либан.

Соопштено е дека разговорите биле фокусирани на слободата на движење на израелската армија на граничната линија меѓу Сирија и Либан, а Израел добил гаранции од САД во однос на слободата на движење на границата во случај на прекршување на договорот.

Дополнително, во веста, врз основа на неименувани израелски извори, се наведува дека се очекува да биде прогласено примирје во рок од два дена.

Истите извори тврдат дека договорот со Либан е потпишан и дека Нетанјаху сега работи на тоа како да и го објасни на јавноста.

AA
Популарни