Мирзојан: Имаме проблеми во односите со Русија / Photo: AA

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска изјави дека Ерменија нема намера да влезе во НАТО.

„Ова прашање не е на агендата на Eремнија“, рече Мирзојан во интервју за ТВ каналот ТН, пренесува.

Тој додаде дека Ерменија ги смета САД и Европа за нејзини главни партнери.

„Имаме демократија и сакаме да ги зајакнеме демократските институции. САД и Европската унија се нашите главни партнери“, рече ерменскиот министер.

Тој посочи дека официјален Ереван ги продлабочува економските и политичките односи со Брисел и Вашингтон, додавајќи дека не станува збор за надворешнополитички пресврт.

„Ние само се обидуваме да ја обезбедиме нашата безбедност и развој на демократскиот пат“, рече Мирзојан.

Тој изјави дека има проблеми во односите меѓу Ерменија и Русија.

„Имаме економски односи со Русија, билатерална трговија, соработуваме на различни полиња и одржуваме добри врски на полето на безбедноста. Сепак, точно е дека денес имаме различни ставови и дека, едноставно кажано, не зборуваме ист јазик. Проблемите што постојат во односите со Русија не можат да ги сокријат“, рече шефот на ерменската дипломатија.

TRT Balkan / агенции
Популарни