Либанскиот премиер Микати рече дека нападот повторно докажува дека Израел не вреднува никакви човечки, правни или морални размислувања и дека се случува нешто што изгледа како геноцид / Photo: AA

Во израелски воздушен напад загинаа најмалку 14 лица во регионот на јужното предградие на Бејрут, при што беа повредени десетици други, соопшти либанското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека болниците досега примиле 66 повредени, од кои девет се во критична состојба.

Официјалната либанска национална новинска агенција соопшти дека ракетите истрелани од израелски авиони Ф-35 погодиле стан во една од зградите во областа Џамус во јужното предградие.

Екипи на брзата помош и цивилна одбрана дошле на терен и неколкумина од повредените ги пренеле во болница.

Либанскиот премиер Наџиб Микати рече дека нападот „повторно докажува дека непријателoт Израел не вреднува никакви човечки, правни или морални размислувања и дека се случува нешто што изгледа како геноцид“.

Фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат голема штета на местото на несреќата и изгорени автомобили.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека во нападот на јужната област Дахија во Бејрут цел бил Ибрахим Акил, командантот на елитните сили на Хезболах, Радван, кој е убиен како и 10 други оперативци на Хезболах, пренесе АП.

Хезболах сè уште не потврдил дека Акил е убиен, но официјален претставник на Хезболах рече дека Акил требало да биде во зградата која била погодена, не давајќи други информации.

Акил служеше во највисокото воено тело на Хезболах, Советот на Џихад, и беше санкциониран од САД за неговата вмешаност во два терористички напади во 1983 година, во кои загинаа повеќе од 300 луѓе во американската амбасада во Бејрут и во касарната на американскиот маринци.

„Нападот во Либан има за цел да го заштити Израел“, рече Хагари на прес-конференција по нападот, опишувајќи го Акил како еден од милитантите на Хезболах одговорен за редовните ракетни напади на групата врз Израел.

Денешниот нападот во Бејрут е трет таков напад на Израел врз јужните предградија на главниот град на Либан од почетокот на тековниот бран на непријателства пред речиси една година.

Претходните значајни напади го вклучуваат и убиството на заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, Салех ал-Арури на 2. јануари и убиството на истакнатиот лидер на Хезболах Фуад Шукр на 30 јули.

Нападот денеска е извршен откако Хезболах го бомбардираше северниот дел на Израел со ракети како одмазда за масовниот напад во кој пејџерите и воки-токите на членовите на Хезболах експлодираа во исто време, при што загинаа околу 40 лица, а лијадници се повредени.


TRT Balkan / агенции
Популарни