Припадниците на Цивилната заштита, Црвениот крст и медицинскиот персонал побараа од жителите да не одат во областа на нападот / Photo: AA

Најмалку три лица загинаа, а 17 се ранети во петокот во израелски воздушен напад врз Бејрут, главниот град на Либан, информираше министерството за здравство. Претходно, либанската официјална новинска агенција објави дека во израелскиот напад на Бејрут загинале пет деца.

Агенцијата наведе израелските авиони Ф-35 го бомбардирале југот на Бејрут, при што биле истрелани четири ракети врз една зграда во овој дел на градот. Израелската армија потврди дека извршила воздушен напад врз Бејрут.

Цел на операцијата во Бејрут бил Ибрахим Акил, шеф на операциите на Хезболах, изјави израелски безбедносен претставник за армиското радио, но не е прецизирано дали е убиен. Припадниците на Цивилната заштита, Црвениот крст и медицинскиот персонал кои беа на местото на израелскиот напад во јужните предградија на Бејрут побараа од жителите да не одат во областа на нападот, да ги евакуираат патиштата, да не се собираат и да создаде простор за спасувачки операции.

AA
Популарни