Најмалку 47 Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на градот Деир Ал-Балах, кампот Нусејрат и градот Ал-Заваида во централниот дел на Појасот Газа во текот на ноќта, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
Во нападите се ранети десетици лица, главно жени и деца,
Очевидци изјавија дека по првите напади, жителите притрчале да им помогнат на погодените и дека тие потоа биле цел на последователни бомбашки напади.
Операциите за пребарување и спасување се во тек, додека продолжуваат напорите за пронаоѓање на исчезнати лица заробени под урнатините, соопшти ВАФА.
Во нападите на израелската армија врз Газа од октомври 2023 година, регистрирани се најмалку 43.204 палестински жртви, со повеќе од 101.640 ранети.
AA