Цивилната одбрана и возилата на брзата помош не можат да стигнат до местото на нападот / Photo: AA

Најмалку 77 Палестинци, меѓу кои жени и деца, загинаа во израелски напад врз регионот Месру Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека израелската армија бомбардирала петкатница во Месра Беит Лахија, на северот од Појасот Газа.

Во зградата, која му припаѓа на семејството Абу Насер, беа сместени 150 раселени Палестинци.

Според прелиминарните податоци, во нападот загинале најмалку 77 Палестинци, а голем број биле ранети.

Цивилната одбрана и возилата на брзата помош не можат да стигнат до местото на нападот.

Палестинците заробени под урнатините чекаат да бидат спасени.

AA
Популарни