Меѓу загинатите три се жени и четири деца

Министерството за надворешни работи на Пакистан посочи дека нема намера да ја ескалира ситуацијата со Иран, откако двете држави извршија меѓусебни напади врз како што наведоа „терористички цели“.

Иран објави дека седум лица, од кои три жени и четири деца, се загинати во ракетниот напад што Пакистан го изврши врз село во пограничниот регион.

Говорејќи за иранската државна телевизија, заменик-гувернерот на покраината Систан-Белуџистан, Али Реза Мерхамети, објави дека Пакистан во утринските часови извршил ракетен напад врз село во пограничното подрачје на покраината.

„Меѓу загинатите три се жени и четири деца, странски државјани“, рече Мерхамети.

Тој наведе дека експлозија се случила и во градот Сераван во покраината, но наведе дека нема жртви.

Пакистанското Министерство за надворешни работи објави дека се извршени серија висококоординирани и специјално насочени чувствителни воени напади врз „терористичките засолништа“ во иранската покраина Систан-Белуџистан.

Според пакистански воени извори, авионите и дроновите прелетале околу 20 километри во Иран за да ги гаѓаат засолништата на терористите. Одреден број терористи се убиени за време на операцијата базирана на разузнавачки информации - со кодно име „Марг Бар Сармачар“ (Смрт за Сармачар), се додава од Министерството.

Официјален Исламабад претходно го осуди Иран за кршење на неговиот воздушен простор и за извршениот воздушен напад во кој загинаа две деца, а беа повредени уште три во пакистанската покраина Белуџистан. Исто така, го отповика својот амбасадор и ги прекина посетите на високо ниво со Техеран.

AA
Популарни