Демонстрантите побараа оставка од некои од членовите на одборот на МоМА обвинувајќи ги за поддршка на „ционистичката окупација и геноцид“ / Photo: AA

Стотици пропалестински активисти привремено го окупираа светски познатиот Музеј на модерна уметност (МоМА) во Њујорк во текот на викендот во знак на протест против нападите на Израел врз Газа.

Демонстрантите, сакајќи да ја подигнат свеста за наводните воени злосторства на израелската армија во енклавата, организираа протести против директорите на МоМА.

Тие закачија огромно знаме со зборовите „Слободна Палестина“ во влезниот хол на музејот, барајќи оставка од некои од членовите на неговиот одбор и обвинувајќи ги за поддршка на „ционистичката окупација и геноцид“.

Тие носеа и транспарент со зборовите „Културните работници стојат со Газа“ и повикаа на укинување на блокадата на енклавата и прекин на „уметничката соработка“ со Израел.

Идентификувајќи се себеси како „Луѓето на Њујорк“, групата дистрибуираше изјава до посетителите на музејот во која се вели дека „додека MoMA се залага за идеологии на промени и креативност, Одборот на доверители директно ја финансира ционистичката окупација преку производство на оружје, лобирање и корпоративни инвестиции“.

Во соопштението се нагласува потребата уметноста да не служи како превез за геноцид и се бара итна оставка од членовите на одборот со директни врски со геноцидната, расистичката и доселеничка-колонијалистичка експлоатација.

Палестинското младинско движење сподели слики од протестот на нивниот профил X, велејќи дека приближно 800 активисти привремено го окупирале МоМА и ги истакнале подготовките на Израел за копнена операција против градот Рафах во јужна Газа, каде што повеќе од еден милион бегалци побарале засолниште.

AA
Популарни