Русија најави еднострано примирје во Украина по повод Божиќ / Photo: AA

Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот долж целата линија на контакти во Украина од петок напладне до полноќ во сабота по московско време, се наведува во соопштението на Кремљ.

„Со оглед на апелот на неговата светост патријарх Кирил, му налагам на министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу да воведе режим на прекин на огнот долж целата линија на контакти помеѓу страните во Украина од 12 часот на 6 јануари до полноќ на 7 јануари 2023 година“, се наведува во соопштението.

Со оглед на фактот дека во воените зони живее голем број православни верници, рускиот претседател ја повика украинската страна да прогласи прекин на огнот и да им пружи можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божиќ.

Водачот на Руската православна црква патријарх Кирил денес повика на примирје во Украина по повод Божиќ, кој повеќето православни христијани го слават на 7 јануари.

AA
Популарни