САД: Не ја поддржуваме Украина да изведува напади надвор од своите граници / Photo: AA

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) не ја поддржуваат Украина да изведува напади надвор од нејзините граници.

Прашан за нападот на украинската војска врз воздухопловната база во западна Русија, Прајс на прес-конференција одговори дека САД и светот ѝ даваат оружје на Украина само да ја заштити својата територија и суверенитет, и да се одбрани од Русија.

„Не ѝ дадовме оружје на Украина да го користи на руско тло. Отворено изјавивме дека тоа се одбранбени залихи. Претседателот (Џо Бајден, заб. на авт.) претходно тоа јасно го кажа. Не ја поддржуваме Украина да изведува напади надвор од своите граници, ниту пак ја поттикнуваме Украина на тоа“, рече Прајс.

Во медиумите е објавено дека Украина неодамна со дронови гаѓала три воздухопловни бази во западна Русија.

TRT Balkan / агенции
Популарни