Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион се урна во езерото Викторија            Фото: Ројтерс

Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион се урна во езерото Викторија во северна Танзанија во неделата додека се обидуваше да слета на блискиот аеродром.

Тоа, според властите, e ревидираниот број на загинати откако претходно беа пријавени само три смртни случаи. Летот PW494, управуван од Precision Air, удри во водата за време на бура и силен дожд.

Остатоците можеа да се видат речиси целосно потопени, додека спасувачите со чамци брзаа да ги извлечат заробените патници. Еден спасувач рече дека водата навлегла откако била отворена вратата за итни случаи, што им отежнувало на луѓето да избегаат од авионот.


Премиерот Касим Мајалива го посети местото на несреќата и рече дека властите се обидуваат да откријат кој недостсува од списокот со имиња на патници. Компанијата соопшти дека во авионот имало 39 патници, меѓу кои и новороденче, како и четворица членови на екипажот.

Двајцата пилоти првично ја преживеале несреќата и биле во контакт со спасувачите од пилотската кабина, соопштија властите. Но, тие подоцна рекле дека немаат кислород по што починале додека спасувачите се обиделе да стигнат до нив. Двете стјуардеси преживеале.

Извршниот директор Патрик Ванри рече дека авиокомпанијата формирала центри за помош за семејствата за да обезбедат информации и да продолжат да им нудат поддршка на жртвите и нивните семејства.

Најголемата приватна авиокомпанија во Танзанија објави дека авионот го напуштил главниот град Дар ес Салам и имал несреќа непосредно пред 9 часот наутро по локално време во неделата додека се приближувал до аеродромот во Букоба.

TRT Balkan / агенции
Популарни