Состанок на министрите на Азербејџан и Ерменија на 19 мај во Москва / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов, и ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан, ќе одржат состанок во петок на 19 мај, во главниот руски град Москва.

Во изјава за руската новинска агенција ТАСС, портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи, Ани Бадалијан, рече дека Бајрамов и Мирзојан ќе се сретнат во Москва следната недела, на покана на Русија.

Бадалијан изјави дека двајцата министри ќе ги продолжат преговорите за мировен договор.

Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија на почетокот на март имаа средба во Вашингтон, на која домаќин беше државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Се очекува азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан да се сретнат на 14 мај во Брисел, главниот град на Белгија.

TRT Balkan / агенции
Популарни