Извор за КАН изјави дека преговарачкиот тим не добил сѐ што побарал „но барем може да се постигне напредок“

Израелската Влада му наложи на својот преговарачки тим да ги продолжи преговорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заложници, јавија денес израелските медиуми.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Воениот кабинет му наложил на преговарачкиот тим „да продолжи со преговорите за враќање на заложниците“.

Армискиот генерал-мајор Ницан Алон, еден од преговарачите, претстави обновен план за време на состанокот на Воениот кабинет откако Нетанјаху го отфрли претходниот предлог во саботата, објави израелската државна телевизија КАН.

Извор за КАН изјави дека преговарачкиот тим не добил сѐ што побарал „но барем може да се постигне напредок“.

Новиот предлог вклучува компромис за спорна точка со Хамас, но дојде до заострување на израелскиот став за други прашања за кои двете страни не постигнаа договор, објави КАН, без дополнителни детали.

Преговорите се движеа околу форматот за ослободување на заложниците и враќање на привременото примирје и ослободување на најмалку неколку стотици палестински притвореници што ги држи Израел, објави телевизијата.

Најголем камен на сопнување е инсистирањето на Хамас Израел да ја заврши војната, додаде тој.

Хамас на 6 мај го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа изготвен од Египет и Катар. Но Израел рече дека понудата за прекин на огнот не ги исполнува неговите клучни барања и одлучи да започне копнен напад врз Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Хамас, за кој се верува дека држи околу 130 израелски заложници, бара прекин на израелската офанзива врз Газа во замена за каква било размена на заложници.

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Над 35.700 Палестинци загинаа, главно жени и деца, а речиси 80.000 се повредени во израелските напади врз Газа што започнаа по прекуграничниот напад на Хамас.

По повеќе од седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а наметната е и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да преземат мерки за да гарантираат дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни