Хамас ги предложи Туркије, Катар, Египет, Русија и Обединетите Нации за страни гарантори на предложениот договор за примирје/ Фото: AA

Продолжуваат преговорите за подолгорочно примирје во Газа кое се базира на размена на заробеници меѓу раководството на Хамас, меѓу кои и над 130 заложници, и затворени Палестинци кои се држат во израелските затвори.

Членот на политичкото биро на Хамас, Осама Хамдан одржа прес-конференција во Бејрут, Либан во врска со предложената размена на затвореници, преку договор за прекин на огнот.

Во одговорот на Хамас кон израелската влада стои дека се бара страните гаранти на договорот да бидат и земјите Туркије, Катар, Египет и Русија како и Обединетите Нации.

Во меѓувреме иако пристигнаа информации од израелските медиуми дека премиерот Бенјамин Нетанјаху начелно се согласил да се постигне договор, тој во денешно обраќање вети дека „војната против Хамас“ ќе продолжи до целосна и одлучна победа.

Исто така Министерството за одбрана на Израел пренесе информации дека се подготвува план за продолжување на воената кампања во Рафах на југот на Газа, што пак наиде на критики од страна на Антонио Гутереш Генералниот секретар на ОН кој е загрижен дека тоа ќе ја влоши хуманитарната катастрофа со која се соочуваат Палестиниците.

AA
Популарни