Медицинските тимови извадија дете и голем број повредени луѓе од под урнатините на погодениот дом во источниот дел на градот Газа / Photo: AA

Бројот на Палестинци убиени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 38.243.

Во соопштението на Министерството за здравство во Газа се објавени најновите информации за израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 277 дена.

Се известува дека само во последните 24 часа израелската армија извршила три масакри во различни делови на Газа во кои загинале 50 Палестинци, а 130 се повредени.

Локален медицински извор за Анадолу изјави дека седум лица биле убиени во израелското гранатирање на нивниот дом во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Шест други од семејството Мана беа убиени во воздушен напад на израелската Армија врз нивниот дом на улицата Ал-Џалаа, а уште тројца беа убиени во друг воздушен напад врз областа Лабабиди во градот Газа, објави палестинската официјална новинска агенција Вафа.

Во меѓувреме, медицинските тимови извадија дете и голем број повредени луѓе од под урнатините на погодениот дом во источниот дел на градот Газа, објави и Вафа.

Израелската Армија вчера им нареди на жителите во неколку населби низ градот Газа да ги напуштат своите области, а таа изврши рација во неколку области во источниот и јужниот дел на градот Газа.

Вкупниот број на Палестинци убиени во израелските напади од 7 октомври 2023 година се искачи на 38.243, а бројот на повредени на 88.033.

Во соопштението се наведува дека се уште има мртви тела под урнатините и покрај патот, но поради израелски пречки медицинските екипи и припадниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до нив.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафах.

AA
Популарни