Бенкман Фрид призна дека несоодветно управувал со ризикот, иако негираше дека ги украл парите / Photo: Reuters

Федералниот суд Менхетен во Њујорк денеска го осуди основачот на неуспешната крипто берза FTX, Сем Бенкман Фрид, на 25 години затвор за кражба на осум милијарди долари од клиенти преку компанијата FTX, која се занимаваше со трговија со криптовалути.

Судијата Луис Каплан ја донесе пресудата, откако ги отфрли аргументите на адвокатите на Бенкман дека и покрај банкротот на FTX, парите не се изгубени.

„Тој знаеше дека прави нешто што не е во ред. Знаеше дека тоа е кривично дело и жали за погрешната одлука поради која е уапсен“, рече Каплан.

Поротата во судот во Менхетен во ноември минатата година го прогласи Бенкман за виновен по седум точки од обвинението за измама и заговор за да предизвика колапс на компанијата FTX во 2022 година, во она што обвинителите ја нарекоа една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.

Неколку години по завршувањето на студиите на Технолошкиот институт во Масачусетс, Сем Бенкмен Фрид ја напуштил работата на Вол Стрит и го основал хеџ-фондот за криптовалути „Аламеда Рисрч“ во 2017 година.

Две години подоцна, тој ја основа FTX, берза која им овозможува на корисниците да купуваат и продаваат дигитални средства, како што е биткоинот.

Откако пораснаа вреднувањата на криптовалутите, Банкмен-Фрид веќе поседуваше имот во вредност од 26 милијарди долари до октомври 2021 година и, пред да наполни 30 години, стана 25-та најбогата личност во Америка, според магазинот Форбс.

Тој исто така го искористил ова богатство за политичко влијание, со тоа што станал еден од најголемите финансиери на кандидатите на Демократската партија и нивните политики пред изборите во САД во 2022 година, а во исто време донирал на републиканците, но преку други донатори, со цел го прикрие своето учество, изјави денеска судијата Каплан.

Со цел да ја претстави својата компанија FTX како безбедна во секторот на криптовалути, компромитирана со хакирање и перење пари, Банкмен-Фрид ангажираше познати личности, како играчот на НФЛ Том Брејди и комичарот Лери Дејвид.

Тој, исто така, јавно ги поддржа напорите за регулирање на пазарот на криптовалути, но обвинителите велат дека неговото култивирање на имиџот на одговорен човек служело за да се прикријат годините на незаконско присвојување на средствата на клиентите.

Обвинителите, исто така, тврдат дека кражбата го достигнала својот врв во 2022 година, кога цените на криптовалутите паднале и тој користел средства од FTX за покривање на загубите во „Аламеда“.

На 2 ноември, поротата го прогласи за виновен за измама и заговор по едномесечното судење пред федералниот суд на Менхетен.

Тројца поранешни членови на неговиот најтесен круг сведочеа против Бенкман-Фрид, кој се изјасни за невин и рече дека ќе поднесе жалба на пресудата, но при сведочењето на судењето, тој призна дека несоодветно управувал со ризикот, иако негираше дека ги украл парите.

Тој, исто така, рече дека направил грешки, како што е неуспехот да формира менаџерски тим за управување со ризиците, што им наштетило на клиентите и на вработените во FTX, но нагласи дека никогаш немал намера да измами некого или да ги украде парите на клиентите.

TRT Balkan / агенции
Популарни