Њујорк соочен со незапаметено загадување поради пожарите во Канада / Photo: AA

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели прекри големи делови од Северна Америка, вклучително и Њујорк, во Соединетите Американски Држави, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за десетици милиони луѓе.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс предупреди вчера дека чадот над градот е настан без преседан и ги повика жителите на Њујорк да „преземат превентивни мерки“ додека се занимаваат со секојдневните животни активности.

Индексот на квалитетот на воздухот во четвртокот утрово изнесуваше 222 и оценет е како „многу нездрав“.

Сите пет градски општини се под предупредување за квалитетот на воздухот. Градот ги повикува сите жители да ја ограничат изложеноста на отворено, а чувствителните категории да останат внатре.

Сите пет градски општини се под предупредување за квалитетот на воздухот. Градот ги повикува сите жители да ја ограничат изложеноста на отворено, а чувствителните категории да останат внатре.

„Ова не е ден да тренирате за маратон или да имате настан на отворено со вашите деца. Останете внатре, затворете ги прозорците и вратите и користете прочистувачи на воздух доколку ги имате“, рече Адамс. Училиштата и понатаму се отворена, но активностите на отворено се откажани.

Црвенкаста магла го прекри небото над Менхетен во средата навечер, правејќи ги главните знаменитости како Емпајер Стејт Билдинг едвај видливи.

Повеќе од 400 шумски пожари се активни во Канада, а се верува дека 249 се надвор од контрола.

„Од почетокот на 2023 година, во Канада избувнаа 2.214 шумски пожари, а изгореа околу 3,3 милиони хектари“, изјави канадскиот министер за јавна безбедност Бил Блер.

TRT Balkan / агенции
Популарни