Велика Британија: Тројца Бугари во притвор поради шпионирање за Русија

Велика Британија: Тројца Бугари во притвор поради шпионирање за Русија

Осомничените живееле во Велика Бриатнија и работеле на различни работни места
Бугарските државјани се во притвор во Велика Британија од Февруари / Photo: Reuters

Британските власти уапсија три лица осомничени за шпионирање за Русија во Велика Британија, како дел од голема безбедносна истрага.

„На осомничените, кои се бугарски државјани, им е одреден притвор од февруари кога беа приведени“, објави Би-Би-Си.

Орлин Русев (45), Бизер Замбазов (41) и Катрин Иванова (31) наводно работеле за руските безбедносни служби.

Во извештајот се додава дека осомничените, кои со години живееле во Велика Британија, работеле на различни работни места и живееле во различни приградски имоти.

AA
Популарни