Зеленски ги повика учесниците на Минхенската безбедносна конференција да побрзаат со реакцијата против Русија / Photo: AA

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, им се обрати на учесниците на Минхенската безбедносна конференција и ја повика меѓународната заедница да побрза со реакцијата против руската агресија.

Зеленски преку видеоповик говореше на отворањето на Конференцијата во Минхен и предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време.

„Мораме да побрзаме. Мораме да ги забрзаме нашите договори, испораки и одлуки за да го ограничиме рускиот потенцијал. Нема алтернатива за брзината. Нашите животи зависат од брзината“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател потсети дека зборувал и на минатогодишната конференција, која се одржа непосредно пред почетокот на рускиот напад врз неговата земја.

„Очекувавме целиот свет веднаш да каже дека е со Украина. За жал, тоа го слушнавме дури откако руски проектили ја погодија нашата земја, откако руските тенкови влегоа во нашите градови и откако Путин не остави друг избор, ние или тие“, изјави Зеленски.

Тој рече дека не се сомнева дека Украина и нејзините сојузници на крајот ќе бидат победници во војната.

„Дали слободата може да биде прашање на компромис? Не, никогаш!“, заклучи Зеленски.

Минхенската безбедносна конференција ќе понуди дебати за клучни предизвици на надворешната и безбедносната политика.

Минхенската конференција ќе угости низа високорангирани меѓународни носители на одлуки и експерти, вкучувајќи шефови на држави и влади, министри и бројни претставници од меѓународните организации, цивилното општество, приватниот сектор и медиумите.

TRT Balkan / агенции
Популарни