Земјите од Г7 најавија интензивирање на санкциите против Русија / Photo: AA Archive

Групата седум (Г7), организација што ги обединува најголемите економии во светот, најави дополнителни санкции против Русија поради нејзината војна во Украина.

Најавата следуваше по состанокот на министрите за надворешни работи што се одржа утрово во Јапонија.

„Остануваме посветени на интензивирањето на санкциите против Русија, нивна координација и целосно спроведување“, се вели во заедничката изјава на шефовите на дипломатиите на земјите од Г7.

Министрите порачаа дека воените злосторства не смее да останат неказнети.

„Не може да постои неказнивост за воените злосторства и за други злосторства, како што се руските напади врз цивили и критичната цивилна инфраструктура“, се вели во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни