Речиси 8 милијарди долари руски средства замрзнати во Швајцарија / Photo: AA

Швајцарија замрзна руски финансиски средства во вредност од 7,5 милијарди швајцарски франци (7,9 милијарди долари) заклучно со 25 ноември, соопштија властите.

Според Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), 15 имоти „држeни од санкционирани физички лица, компании и субјекти“ се, исто така, блокирани во шест швајцарски кантони. Последната бројка покажува благ пораст од 7,09 милијарди долари пријавени во јули.

СЕКО соопшти дека е известен за санкционирани или несанкционирани средства во сопственост на Русија во Швајцарија во вредност од 46,1 милијарда швајцарски франци (48,8 милијарди долари), заклучно со 3 јуни.

Во соопштението се појаснува дека Русите, кои, исто така, имаат државјанство или дозволи за престој за Швајцарија или некоја држава од Европската економска зона „се ослободени од забраната за депонирање нови средства, како и од барањето за известување“.

Депозитите под лимитот од 100.000 швајцарски франци (околу 105.800 долари) се, исто така, ослободени од известување.

„Нивото на пријавени депозити, кое надминува 46,1 милијарда швајцарски франци, не може да се изедначи со вкупниот износ на средства од руско потекло што се чуваат во Швајцарија“, се вели во соопштението на СЕКО.

TRT Balkan / агенции
Популарни