Оваа појава не го расипа расположението на туристите и тие ја искористија приликата да се прошетаат и да ги фотографираат поплавените улици / Photo: AA

Улиците околу Големиот канал во Венеција се поплавени поради плимата која го подигна нивото на водостојот на 110 сантиметри.

Оваа појава денеска, по втор пат од почетокот на годинава, го активира венецијанскиот систем за заштита од поплави МОСЕ.

И покрај бариерите, водата продолжува да поплавува делови од градот поради комбинацијата на низок притисок и силен југо-југоисточен ветер, што предизвикува покачување на нивото на водата во лагуната.

Оваа појава не го расипа расположението на туристите и тие ја искористија приликата да се прошетаат и да ги фотографираат поплавените улици.

Работите на насипите на бреговите на реката Канареџо се прекинати поради зголемувањето на нивото на водата и ќе продолжат кога нивото на водата ќе падне под 80 сантиметри.


TRT Balkan / агенции
Популарни