Во Северна Македонија денеска е молк, пред првиот круг од седмите претседателски избори. Молкот завршува утре во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Годинава поради тоа што се одржуваат двојни избори, за време на молкот за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај. Истиот ден е предвидено да се одржи и вториот круг на претседателските избори.
Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.