Што вели историјата на политиката, кои се лидерите меѓу кои се и кралеви, претседатели или премиери кои на своите функции биле дури и значително помалку од времето што како премиер го помина сега веќе поранешната британска премиерка Трас?   

На 20 октомври Лиз Трас на јавноста и соопшти дека дава оставка од функцијата премиер на Велика Британија. Таа на функцијата се задржа само 45 дена, со што стана неславна рекордерка носејќи го епитетот британска премиерка со најкраток стаж во историјата.

Практично, со оставката на Трас, во период од шест години, Велика Британија имаше пет премиери.

Но што вели историјата на политиката, кои се лидерите меѓу кои се и кралеви, претседатели или премиери кои на своите функции биле дури и значително помалку од времето што како премиер го помина сега веќе поранешната британска премиерка Трас?

Премиер на Мексико помалку од еден час

Во Мексико, Педро Ласкураин беше лидер на земјата само 45 минути за време на воениот удар со кој беше соборен претседателот Франциско Мадеро во февруари 1913 година.

Во земјите од Латинска Америка има неколку други случаи во кои некои од шефовите на државите многу кратко се задржале на претседателската функција.

Во Бразил, претседателот на парламентот Карлос Луз ја презеде функцијата на 8 ноември 1955 година, откако претседателот Кафе Фиљо тешко се разболе.

Во тоа време во земјата беше избран нов претседател, но мандатот на новиот претседател Јушелино Кубичек ќе започне во јануари 1956 година. Но, три дена подоцна, Луз поднесе оставка по наредба на министерот за одбрана, кој тврдеше дека ќе изврши државен удар за да го спречи Кубичек да положи заклетва. Претседателот на Сенатот, Нереу Рамос, тогаш беше на функцијата во наредните два месеци.

Оставка на денот на положување на заклетвата во Сиера Леоне


Сиака Стивенс е и премиер со најкраток стаж и претседател со најдолг стаж во историјата на Сиера Леоне.

Откако ја доби власта на директни избори во 1967 година, тој беше соборен со воен удар на денот кога положи заклетва и беше уапсен. Но Стивенс го имаше последниот збор. Тој се врати на власт една година по завршувањето на воената хунта и беше претседател од 1971 до 1985 година.

Уште една необична приказна потекнува од Јужна Африка. На 24 септември 2008 година, Ајви Мацепе-Касабури стана првата претседателка на земјата по оставката на актуелниот претседател Табо Мбеки. Во тоа време таа беше министерка за комуникации. Нејзиниот мандат како вршител на должност на претседател траеше само 15 часа, бидејќи јужноафриканскиот парламент по итна постапка избра други министер во кабинетот.

Германски канцелар за една ноќ

Џозеф Гебелс е запаметен како германски министер за пропаганда кога нацистите беа на власт (1933-1945). Но, за малкумина е познат факт дека тој беше канцелар на Германија само еден ден.

Кога Адолф Хитлер се самоуби во подземен бункер на 30 април 1945 година, во последните денови од Втората светска војна во Европа, Гебелс, десната рака на нацистичкиот лидер, стана германски канцелар. Меѓутоа, подоцна и тој и неговата сопруга се самоубиле откако ги отруле своите 6 деца со цијанид.

Два дена претседател на Аргентина

Аргентина беше во тешка ситуација во декември 2001 година. Тешката економска криза донесе со себе улични протести во кои загинаа најмалку 25 лица.

Настанатиот политички хаос доведе до оставка на претседателот Фернандо Де ла Руа на 20 декември. Потоа, за краток временски период настапија низа оставки во континуитет.

Де ла Руа го замени лидерот на мнозинството во Сенатот Рамон Пуерта, бидејќи местото на потпретседател остана празно поради претходна оставка. Два дена подоцна, Пуерта ја напушти функцијата бидејќи конгресот го избра Адолф Родригез Са да влезе во претседателската палата Каса Росада. Но, Са исто така поднесе оставка во рок од недела дена, откако ја загуби поддршката за итните економски мерки.

Според законот Пуерта требаше повторно да биде претседател, но тој тоа го одби давајќи оставка на позицијата лидер на Сенатот. На сцена настапи претседателот на Претставничкиот дом Едуардо Камано - четврти претседател. Три дена подоцна, тој отстапи од местото на уште еден претседател кој го избра конгресот Едуардо Дуалде, кој остана на власта се до општите избори 2003 година.

Лидер на Индија за помалку од 15 дена

Поранешниот индиски премиер Атал Бехари Ваџпаји го држи рекордот за најкраток мандат на оваа функција. Ваџпаји остана премиер само 13 дена, бидејќи не можеше да формира коалициска влада по парламентарните избори во 1996 година.

Тој ја врати власта во 1998 година и овој пат остана на функцијата 13 месеци кога беше распуштена коалициската влада и беше распуштен парламентот.

Сепак, партијата на Ваџпаји, БЈП, повторно помина добро на изборите и го имаше својот трет мандат на власт од 1999-2004 година.

Еден месец во Белата куќа

Вилијам Хенри Харисон (1773-1841) е и првиот претседател на Соединетите држави што умрел на функцијата и со најкраткиот стаж.

Харисон, поранешен воен офицер, заболел од пневмонија само 32 дена по преземањето на функцијата и починал на 68-годишна возраст.

Монарси кои кратко биле на тронот

Кралевите и кралиците не мора да се борат за избори, а ризикот од револуција е релативно низок, но тоа не значи дека нивното владеење не може да биде краткотрајно.

Италијанскиот крал Умберто Втори беше крунисан во 1946 година откако неговиот татко Виктор Емануел абдицирал. За да го ублажи се поизразениот антимонархистички сентимент во Италија, тој го поддржа референдумот за монархија.

Резултатот од референдумот беше поразителен. Најмалку 54 отсто од Италијанците гласаа во корист и ја избраа републиката. Со тоа, владеењето на Умберто траеше 34 дена.

Уште пократок и потрагичен стаж имаше кралот Дипендрa Биркам Шах. На 1 јуни 2001 година, престолонаследникот ги убил својот татко, мајка и други членови на непалското кралско семејство. Причината, наводно, била што неговите роднини не го одобрувале планираниот брак со индискa аристократка.

Дипендра на 1 јуни 2001 година ги уби двајцата родители и разни други членови од непалското кралско семејство, наводно од одмазда, поради одбивањето на неговото семејство да го благослови неговиот брак со индиска аристократка.

Дипендра по убиството се обидел и самиот да се убие пукајќи во себе. Не успеал веднаш во тоа и паднал во кома, а почина дури три дена подоцна. Во текот на тоа време, Дипендра технички беше крал на Непал.

Но меѓу кралевите рекордот за најкратко владеење веројатно му припаѓа на францускиот крал Луј 19.

На 2 август 1830 година, тој седнал на престолот по абдицирањето на неговиот татко, кралот Шарл 10-ти, среде масовните демонстрации против монархот.

Но Луј 19 пошол по стапките на татко му само 20 минути подоцна, абдицирајќи во корист на неговиот внук, војводата од Бордо.

TRT Balkan
Популарни