Сунак повторно во трка за лидер на Конзервативната партија и иден премиер      Фото: AA

Риши Сунак (42) е роден во Саутемптон од индиски родители кои дошле во Велика Британија од Источна Африка. Неговиот татко бил лекар, а неговата мајка поседувала хемичарска продавница.

Тој се школувал во приватно училиште пред да продолжи на Универзитетот Оксфорд за да студира филозофија, политика и економија - избор на диплома на универзитет за која е најчеста за британската политичка елита. Потоа магистрирал бизнис администрација на Универзитетот Стенфорд во САД како Фулбрајт стипендист. На Стенфорд ја запознал својата идна сопруга Акшата Мурти, ќерка на индиски милијардер.

По неговото образование, Сунак работел за Голдман Сакс пред да се пресели во инвестициски фондови. Сунак и Мурти имаа заедничко богатство од над 800 милиони евра, заклучно со 2022 година, што ги прави 222-ри најбогати луѓе во Британија според листата на богати на Сандеј Тајмс. Парот има две ќерки.

Сунак стана пратеник во 2015 година, претставувајќи ја изборната единица Ричмонд во Северен Јоркшир, на северот на Англија. Тој гласаше „за“ на Брегзит референдумот во 2016 година. Неговата прва владина улога беше во времето на тогашната премиерка Тереза ​​Меј, како парламентарен државен потсекретар за локална власт. Откако Меј поднесе оставка, тој ја поддржа кандидатурата на Борис Џонсон за премиер.

Услугата беше соодветно возвратена, Џонсон го назначи Сунак за главен секретар на Министерството за финансии, инаку втора позиција по моќ зад министерот кој управува со државната каса. Во тоа време, Џонсон го назначи Саџид Џавид за министер, но Џавид брзо поднесе оставка по судирот со Доминик Камингс моќниот специјален советник на Џонсон, за прашања поврзани со ангажирање персонал.

По оставката на Џавид, продолжи метеорското искачување на Сунак со доаѓање на министерската функција во 2020 година, и на тој начин стана вториот најмоќен политичар во британската политика.

Само неколку недели по неговата позиција, Ковид-19 пандемијата ја погоди Велика Британија, и го претвори Сунак од дотогаш непознат политичар во познато и популарно име.

Тој смисли и спроведе широка програма за економска поддршка за земјата која изнесуваше стотици милијарди фунти, поддржувајќи ги и работодавците и вработените со обемни владини средства.

На дневните брифинзи за медиумите, неговото умерено и професионално однесување беше сосема спротивно од похаотичниот и невоздржан стил на Џонсон. Како што се зголемуваа критиките кон Џонсон, така Сунак се повеќе се гледаше како потенцијален наследник. „Бренд Риши“ стана фраза во локалните медиуми како признание за неговото сјајно присуство на социјалните мрежи.

Рејтинзите за Сунак во анкетите за јавноста беа вртоглави високи. Но, потоа се случи скандалот „партигејт“. Тогаш се одржале десетици забави за време на Ковид-19 пандемијата во текот на 2020 и 2021 година во Даунинг стрит, па така многу владини оддели се соочија со јавноста. Рејтингот на Џонсон потоа, а неговата премиерска позиција висеше на конец.

Сунак првично не беше погоден од скандалот, бидејќи на јавноста беше насочен кон Џонсон затоа што дозволил, а во некои случаи присуствал на забавите.

Потоа се најде погоден од обвинувањата дека присуствал на забавата за роденденот на премиерот Џонсон, кој за тоа беше казнет со неговата сопруга. Сунак тврдеше дека не знаел ништо за забавата и дека дошол за да одржи работен состанок. Тој секако беше казнет, и тоа се одрази на неговата популарност, но не толку сериозно како Џонсон на кого се фокусираше јавноста.

Потоа медиумите објавија за нерезидентниот статус на сопругата на Сунак, која за заработката во странство не ги плаќала даноците во Велика Британија, додека пак тој ја задржал зелената карта за САД дури и откако бил назначен за министер. До моментот на објавување на информациите, Сунак веќе ја отфрли зелената карта, а неговата сопруга го промени даночниот статус, но откритијата во голема мера му наштетија на дотогашниот чист имиџ.

Во хет-трик на лоши наслови се надоплни и перцепцијата дека станува скржав со државната поддршка како што кризата со пандемијата се намалуваше, во време кога ги подигна даноците на највисоко ниво во последните 70 години за да може да ги отплаќа сметките предизвикани од пакетите за помош за Ковид-19.

Откако серијата скандали поврзани со чесноста и интегритетот на Џонсон ја ставија неговата влада во постојан кризен режим, Сунак беше вториот министер што поднесе оставка од неговата влада, нанесувајќи му на Џонсон последниот политички удар принудувајќи го да ја најави оставката.

Сунак водеше вешта кампања за да го преземе раководството на партијата, но изгуби од Лиз Трас која членовите ја одбраа за лидер и премиер, а таа по 45 дена си поднесе оставка.

По оставката на Трас што ја предизвикаа економските превирања што ги нанесе нејзината влада, Сунак го обнови апетитот за лидерската позиција. Тој е еден од двајцата кандидати, заедно со Пени Мордоунт, откако поранешниот премиер Борис Џонсон се повлече од трката во неделата.

Ако Сунак овој пат ја преземе лидерската позија ќе стане првиот премиер на Велика Британија од етничките малцинства.

AA
Популарни