Улф Кристерсон е избран за нов премиер на Шведска

Улф Кристерсон е избран за нов премиер на Шведска

176 членови на Риксдагот гласаа за, а 173 пратеници гласаа против Кристерсон
Кристерсон ќе ја предводи трипартиската коалициска влада.                 Фото: Ројтерс

Шведскиот парламент во понеделникот го избра лидерот на умерените Улф Кристерсон за нов премиер на земјата. Вкупно 176 членови на Риксдагот гласаа за Кристерсон, додека 173 членови гласаа против.

„Чувството е одлично, благодарeн сум и среќен за довербата што ја добив од Риксдагот“, рече Кристерсон на прес-конференцијата по гласањето.

Неговиот говор наиде на овации, но и на критики од опозицијата.вКристерсон ќе ја предводи трипартиската коалициска влада со умерените, демохристијаните и либералите.

Новоизбраниот премиер рече дека конечните одлуки за формирање влада ќе бидат донесени „што е можно побрзо“.вКристерсон се очекува во вторник да соопшти кој ќе биде дел од неговата влада.

Премиерката во заминување Магдалена Андерсон, која ја предводи преодната влада, преку објава на Инстаграм му честиташе на Кристерсон за премиерската функција.

Сепак, Андерсон рече: „Пред изборите, четирите десничарски конзервативни партии ветуваа многу. Но, веќе слушаме како тие почнуваат да ги отфрлаат своите ветувања на гласачите“.

Запрашан за критиките од сопартијците за договорот меѓу трите десничарски партии, Кристерсон рече дека не го гледа тоа како проблем.

„Верувам дека има сериозна атмосфера во шведската политика од многу различни причини“, рече тој, додавајќи дека верува дека огромното мнозинство ќе се фокусира на правење „што е можно повеќе добро“ и покрај разликите.

Десничарскиот блок освои тенко мнозинство на минатомесечните избори над владејачката влада на социјалдемократите и нејзиниот левичарски блок со обезбедување 176 места во 349-члениот парламент.

Екстремно десничарските шведски демократи нема да бидат дел од владата, но сепак, Кристерсон на прес-конференција минатата недела рече дека „тесно ќе соработува со шведските демократи“.

AA
Популарни