Министрите за надворешни работи на Туркије и Русија се сретнаа во Њујорк / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот руски колега Сергеј Лавров синоќа се сретнаа во Њујорк.

Разговорите зад затворени врати меѓу највисоките дипломати дојдоа еден ден пред состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и Газа.

Не беа споделени дополнителни информации за средбата.

Во меѓувреме, од руското Министерство за надворешни работи преку соопштение известија дека Лавров и Фидан ја истакнале важноста од координирање на чекорите за изнаоѓање „заемно прифатливи решенија“ за регионалните прашања, пред се во врска со ситуацијата во Појасот Газа, Сирија и Блискиот Исток во целина, зоната на Црното Море, како и на Кавказ.

Во соопштението стои дека двајцата министри разговарале и за распоредот на претстојните билатерални контакти, како и за билатералните трговски и економски врски.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 25.295 Палестинци, а беа повредени 63.000. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.

Според ОН, израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни