Граѓаните на Босна и Херцеговина в недела на 2 октомври ќе излезат на општите избори во земјата. Повеќе од три милиони гласачи ќе избираат кандидати за должностите на различни нивоа на власта, од членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Парламентот, како и пратеници во кантоните. Некои од политичките лидери во земјата ги означија како најважни избори од „Дејтонот“ (Дејтонскиот мировен договор). Во продолжение ТРТ Балкан ви пренесува пет работи што треба да ги знаете за изборите во БиХ.
Кој има право на глас?
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) во август го заклучи избирачкиот список на кој се наоѓаат 3.368.666 лица кои имаат право на глас, а нешто помалку од 70 илјади (69.872) добија согласност за гласање преку пошта од странство и нивните гласачки ливчиња преку пошта веќе стигнуваат во Сараево, каде до затворањето на гласачките места, во 19 часот на 2 октомври, ќе бидат внесени во Главниот центар за броење гласови. Речиси 3,3 милиони гласачи ќе гласаат на 5.903 гласачки места.
Кој учествува на изборите?
На овогодишните избори во БиХ учествуваат дури 145 политички субјекти, од кои 90 политички партии, 38 коалиции и 17 незавизни кандидати, што се повторно рекордни бројќи бидејќи во секој изборен циклус во Босна и Херцеговина се појавуваат сѐ повеќе партии.
Начин на гласање
Во однос на изборите од претходните години, гласачите на гласачките места ќе ги дочекаат некои технички измени, чија цел е да ги спречи изборните измами. Гласачките ливчиња кои ќе ги добијат ќе мораат да бидат додатно заверени со печати на лице место, а ќе ги исполнуваат членови на изборната комисија, чија задача е да обезбедат регуларност на гласањето.
Целта е на тој начин да се спречи можност гласачите со себе да донесуваат веќе пополнети гласачки ливчиња и да ги фотографираат оние кои самите ќе ги пополат бидејќи некои политички партии за таквите фотографии плаќаа надомест за гласачите.
Гласачите на 2 октомври ќе имаат можност да бираат помеѓу 7.743 кандидати за должностите на различни нивоа на власта.
Што сѐ се избира?
Директно ќе се избираат членови на Претседателството на БиХ, од кои два се од територијата на Федерацијата БиХ, а еден од Република Српска.
Најмал е бројот на кандидатите за членот на Претседателството од редовите на хрватскиот народ, бидејќи за таа позиција се натпреваруваат само сегашниот член на Претседателството Жељко Комшиќ и Борјана Кришто, која ја кандидираа партиите собрани околу Хрватскиот народен сабор (ХНС).
За бошњачкиот член на Претседателството на БиХ се кандидираа претседателот на Странка на демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, Денис Беќировиќ од СДП, кој го поддржаа 10 опозициски партии, и Мирсад Хаџикадиќ од партијата Платформа за прогрес, од коалицијата „Држава“.
За српскиот член на меѓу кандидираните, анкетите најголеми шанси даваат на Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Мирко Шаровиќ од Српската демократска партија (СДС).
Директно се бираат и 42 пратеници во Пратеничкиот дом на Парламентот на БиХ, 98 пратеници во Пратеничкиот дом на Парламентот на Федерацијата на БиХ и 83 пратеници во Народното собрание на Република Српска.
На изборите на 2 октомври гласачите од подрачјето на Федерацијата БиХ ќе се бираат и нови пратеници во собранијата на десет кантони во рамките на ентитетот на ФБиХ, додека оние кои живеат во Република Српска ќе одлучуваат за нов претседател и потпретседателите на РС.
Според одредбите на Изборниот закон на БиХ Централната изборна комисија има рок месец дена за објава на конечни и потврдени резултати на изборите, а потоа почнуваат да течат роковите за воспоставување на новиот состав на Претседателството на БиХ и државниот и ентитетски парламенти како и општинските совети во Федерацијата.
Кога тие ќе се конституираат, следува втора фаза на изборниот процес, односно индиректен избор на пратеници во домовите на народите на федералниот и државниот парламент кои ги делегираат општинските совети односно ентитетските парламенти.
Индиректно ќе се избираат и претседател и два потпретседатели на Федерацијата БиХ.
Изборниот молк започнува во сабота
Изборниот молк почнува 24 часа пред отворањето на гласачките места и трае од нивното затворање односно трае од 1 октомври во седум наутро до 19 часот на 2 октомври.
Во тој период на политичките субјекти им е забрането учество во јавните политички активности, а забрането е и медиумско известување за било каква активност која се однесува на политичката и изборната кампања. Забранета е секаква активност со која се попречува или опструира изборниот процес.
Проценката е дека Општите избори во Босна и Херцеговина ќе чинат 12.528.000 конвертибилни марки, односно околу 6,4 милиони евра.