Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски истакна дека во Прага се сретнал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на маргините на првиот самит на Европската политичка заедница.
„Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза“, напиша премиерот Ковачевски на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи фотографија со претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.
„Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува“, нагласи Ковачевски.
Шефовите на државите и владите од 44 држави, 27 земји членки на ЕУ и 17 други европски држави, учествуваат на самитот во Прага, чиј домаќин е чешката Влада која моментално претседава со Европскиот совет.
Во текот на состанокот, се очекува да се дискутира за последиците од војната во Украина, ќе бидат одржани сесии за мир и безбедност, енергетика, климатските промени и економијата. Исто така планирано е челниците на состанокот да одржат низа билатерални средби.
Европската политичка заедница би требало да функционира како форум за политичка дискусија за европските земји.
6 окт 2022
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган во Прага
„Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза.“
TRT Balkan
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Каде во регионот функционираат заедничките гранични премини?
Со потпишување на Протоколот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, на заедничката меѓувладина седница на Косово и Северна Македонија, направен е значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“.
Владата ќе му даде нафта на заем на Град Скопје за автобусите на ЈСП
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, со што се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата, соопштија од Владата
Хрватска и Бајкар потпишаа договор за набавка на борбени дронови Бајрактар
Бајрактар TБ2, водечката турска одбранбена платформа, ќе се приклучи на пописот на хрватските безбедносни сили и ќе започне со операции во хрватскиот воздушен простор, се наведува во соопштението на турскиот производител на беспилотни летала Бајкар
Што друго би сакале да знаете?
Популарни