Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора     Фото: АА

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора.

Според соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски тој по службата присуствувал и на приемот кој го приреди секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство Џејмс Клеверли.

Вчера Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер Хаус се потпиша во книгата на жалост.

Македонскиот претседател вчера присуствуваше и на приемот кој за шефовите на делегации и влади го приреди кралот Чарлс Трети.

На погребната церемонија во Вестминстерската опатија присуствуваа над 2000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута означувајќи ги годините на живот на кралицата.

AA
Популарни