Македонските граѓани кои наполниле 18 години ќе може без закажан термин да се фотографираа за издавање прва лична карта со цел да имаат соодветна идентификација и да го искористат правото на глас на претстојните двојни избори закажани за 24 април и 8 мај.
„Има повик од МВР в сабота сите млади граѓани кои првпат вадат лична карта да се упатат во управните служби на полициските станици, без закажување, во Скопје да се упатат во пунктот Пролет за да може да се фотографираат за да го почнат процесот на издавање личен документ за да можат без проблем да си го остварат правото на глас на изборите“, истакна министерот Панче Тошковски.
Дополнителниот министер за внатрешни работи истакнува дека приоритет ќе им биде даден на граѓаните без никаков документ за лична идентификација и дека секој ќе може да го оствари правото на глас.
„Има доволно време, не е голема бројката на нашите млади граѓани кои сега наполниле 18 години, а немаат личен документ за идентификација. Тоа ќе го решиме за три-четири дена и ним ќе им дадеме приоритет“, рече Тошковски.
Проблемот со термини за вадење лични карти, пасоши и сообраќајни дозволи настана со лоша подготовка на органите, а се наметна како обврска од Преспанскиот договор со кој се реши спорот со името со Грција.