Аргентина и Франција ќе играат во финалето на СП во Катар / Photo: AA

На стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор вечерва е одигран дуелот на актуелните светски шампиони Французите и најпријатното изненадување, Мароканците.

Франција поведде веќе во петтата минута со голот на Тео Хернандез. Мароко до крајот на првото полувреме имаше неколку шанси, но не резултираа со гол. Во 79 минута од натпреварот, францускиот напаѓач Коло Муани погоди за конечни 2:0 за Франција.

На стадионот „Калифа Интернационал“, во сабота, во борбата за третото место на мундијалот ќе играат репрезентациите на Хрватска и Мароко.
Со самиот пласман во полуфиналето Мароко испиша историјаа, не само својата, туку и историјата на африканскиот фудбал. Мароко стана првата африканска репрезентација која влезе меѓу четирите најдобри селекции во светот.

Финалето од Светското првенство во Катар закажано е за 18 декември со почеток во 16 часот на стадионот „Лусаил“.



TRT Balkan / агенции
Популарни