Европското женско ракометно првенство ќе се игра во четири града-Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана од 4 до 20 ноември годинава. Актуелен бранител на титулата е селекцијата на Норвешка.
На првенството учествуваат 16 репрезентации, кои се распоредени во четири групи. Во групата „А“ се наоѓаат Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.
Во групата „Ц“ се Франција, Холандија, Северна Македонија и Романија. Во „Д“ групата се селекциите на Полска, Црна гора, Германија и Шпанија.
Првенството ќе биде свечено отворено со мечот Данска-Словенија, во рамките на групата „Б“, во 18 часот. Пласман во наредната фаза ќе изборат по три првопласирани екипи од секоја група.
ТРТ Балкан подготви мини анализа со профилите на ракометарките кои очекуваме да заблескаат на паркетот.
Леонида Гичевска
Леонида Гичевска е македонската ракометарка која се очекува да заблеска на
Европското првенство. Родена е во Свети Николе пред 24 години, а на 13 години се пресели во Скопје за да го следи својот спортски сон. Најголемиот дел од кариерата го мина во Вардар, а играше и за Куманово и Металург. Во 2020 година од Куманово направи трансфер во француски Ле Пужен.
Беше меѓу најдобрите стрелци на клубот Ле Самбр Авенуа. Oваа сезона ги браните боите на хрватскиот првак Локомотива Загреб и настапува во Лигата на шампиони. На Европското првенство што ќе се игра во Скопје, Целје, Љубљана и Подгорица, Гичевска и подмладениот македонски тим ќе се сретнат со репрезентациите на Романија, Холандија и Франција. Дали е ова шанса да се врати стариот сјај на македонскиот женски ракомет?
Кристина Неагу
Какви се шансите на Романија, предводена од Кристина Неагу, на претстојното ЕП против македонската, холандската и француската репрезентација?
Романската ракометарка Кристина Неагу е жива легенда на својата репрезентација
Во 2015 беше МВП на ЕП во Данска и најдобар стрелец на натпреварот со кој Романија ја освои бронзата. Соиграчите и велеле дека е многу мала, а таа била решена да стане најдобра ракометарка.
Неагу е клучен играч на својот тим, ЧСМ Букурешт со кој годинава потпиша договор за уште две сезони. Со плата од 20.000 евра месечно таа е меѓу најплатените спортисти во Романија. На Европското првенство во групна фаза Романија игра во Скопје против македонската и репрезентациите на Холандија и Франција.
Иако Неагу смета дека ниедна репрезентација не смее да се потпира само на еден играч,
сепак очекувањата се дека токму таа ќе и донесе висок пласман ан Романија.
Естел Нзе Минко
Непосредно пред Европското првенство во ракомет за жени, селекторот на Франција, Оливие Крумболц, објави дека репрезентацијата ќе има нов капитен. Естел Нзе Минко ја замени Корел Ласурс. Која е Нзе Минко и може ли да ја одведе Франција до нова титула?
Првиот официјален меч за Естел Нзе Минко како капитен на Франција ќе биде против македонската репрезентација на 5 ноември во рамки на Европското првенство.
Нзе Минко од 2019 година игра средниот бек за повеќекратниот европски клупски шампион од Унгарија, Ѓер. Има 21 година и веќе е Светски и Европски првак со француската репрезентација од првенствата во 2017 и 2018, а има освоено и сребрен медал на Олимписките игри 2016. На Европското првенство во Франција во 2020 година Нзе Минко беше прогласена за МВП.
На паркетот во Скопје во групната фаза на ЕП, од новиот француски капитен се очекува многу. Французите веруваат дека ќе ги води кон нова титула.
Кели Дулфер
Новиот селектор на холандската репрезентација искусниот стратег од Шведска, Пер Јохансон изјави дека Холандија ќе оди на освојување на еден од трите медали на Еуро 2022. Колку Кели Дулфер ќе помогне во остварување на ваквите планови?
Кели Дулфер со години е столб на холандската репрезентација. Има 28 години, доминира на теренот со висината од 185 сантиметри, а освен со холандската репрезентација ниже успеси и со својот клуб Битигхајм.
На Европското првенство пред 4 години Дулфер влезе во дрим-тимот како најдобар дефанзивец на турнирот. Холанѓанките атакуваат на висок пласман на ова Европско првенство. Ќе биде ли Кели Дулфер јунакот кој ќе ја одведе репрезентација на селекторот Пер Јохансон до освојување на еден од трите медали.