Европското првенство во ракомет за жени, чиј домаќини се четири градови од регионот почнува денес.     Фото: АА / Photo: AA

Европското првенство во ракомет за жени, чиј домаќини се четири градови од регионот почнува денес.

Европското првенство 2022 се одржува на четири локации: во Словенија, Северна Македонија и Црна Гора. Градови домаќини се Љубљана, Цеље, Подгорица и Скопје.

На првенството учествуваат 16 репрезентации, кои се распоредени во четири групи. Во групата „А“ се наоѓаат Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.

Во групата „Ц“ се Франција, Холандија, Северна Македонија и Романија. Во „Д“ групата се селекциите на Полска, Црна гора, Германија и Шпанија.

Првенството ќе биде свечено отворено со мечот Данска-Словенија, во рамките на групата „Б“, во 18 часот. Пласман во наредната фаза ќе изборат по три првопласирани екипи од секоја група.

Титулата од претходното Европско првенство ја брани репрезентацијата на Норвешка.

TRT Balkan / агенции
Популарни