Често се вели дека ја измислил улогата на либерото, односно модерниот „чистач“ во бековската линија / Photo: AA

Франц Бекенбауер, еден од само тројцата играчи кои го освоиле Светското првенство и како играч и како тренер и кој има огромна листа на достигнувања на теренот, почина вчера по долго боледување на 78-годишна возраст.

Наречен „Дер Кајзер“ (Императорот), Бекенбауер нашироко се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Прекарот најдобро ја опишуваше неговата играчка кла. Беше сестран играч, започна како играч од средниот ред, но се прослави како централен дефанзивец. Често се вели дека ја измислил улогата на либерото, односно модерниот „чистач“ во бековската линија.

Единствените други фудбалери кои го освоиле Светското првенство како играч и менаџер се Бразилецот Марио Загало, кој почина минатата недела, и Французинот Дидие Дешамп.

Деветгодишниот Бекенбауер започнал да игра фудбал со младинскиот тим на СЦ Минхен ’06 во 1954 година, а дебитираше за репрезентацијата на Западна Германија на 20-годишна возраст. Тој подоцна беше назначен за капитен во 1972 година.

Капитенот ја предводеше својата нација до титулата на Европското првенство во 1972 година, пред да го освои Светското првенство две години подоцна на домашен терен.

Западна Германија победи со 2-1 против Холандија за да го освои трофејот во 1974 година на Олимпискиот стадион во Минхен.

Бекенбауер постигна 14 гола на 103 натпревари за Германија.

Бекенбауер помина голем дел од својата кариера во Баерн Минхен, помеѓу 1964 и 1977 година, забележувајќи 396 настапи и освојувајќи го Европскиот куп на победници во 1967 година и три последователни европски купови од 1974 до 1976 година.

Покрај тоа, тој ги додаде Бундеслигата и Купот на ДФБ по четири пати во својата колекција.

За време на неговата славна кариера, Бекенбауер во 1977 година потпиша за Њујорк Космос и три пати ја освои северноамериканската фудбалска лига со друга легенда, Пеле.

Ѕвездата се врати во Германија во 1980 година, приклучувајќи му се на Хамбург, со кого ја освои петтата германска титула во 1982 година.

Тој, исто така, стана првиот одбранбен играч што ја освоил Златната топка, не само еднаш, туку двапати во 1972 и 1976 година.

Бекенбауер беше назначен за менаџер на Западна Германија во 1984 година.

Под кормилото на Бекенбауер, Германците се пласираа во финалето на Светското првенство во 1986 година во Мексико, но претрпеа пораз од 3-2 од Аргентина инспирирана од Диего Марадона на Естадио Азтека во Мексико Сити.

Сепак, Западна Германија ја обезбеди својата трета титула на Светското првенство во Италија во 1990 година, и ѝ се реваншираше на Аргентина за поразот во финалето во 1986 година.

Подоцна, Бекенбауер стана спортски директор на Олимпик Марсеј една година и освои трофеј во Лига 1 пред два кратки периоди како главен тренер на Баерн.

Придонесите на Бекенбауер во Баерн Минхен се проширија подалеку од неговите играчки денови бидејќи тој подоцна презеде клучна улога како претседател на клубот.

Германскиот великан беше потпретседател на Баерн Минхен од 1991 до 1994 година и претседател на Баерн од јули 1994 до ноември 2009 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни