Фудбалерите на Реал Мадрид остварија значајна победа против Челси, а и Милан над Наполи во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампиони што се одиграа синоќа.
Реал Мадрид во 21. минута од натпреварот поведе со 1:0 против Челси. Винициус по центаршутот од десната страна, во шеснаесетерецот ја пласираше топката во противничкиот гол, која голманот Кепа Аризабалага успеа да ја одбие, но само до ногата на Карим Бензема, кој ја затресе мрежата. Работата на „кралскиот клуб“ во продолжението му ја олесни Бен Чилвел, кој во 59. минута од натпреварот по стартот над Родриго доби црвен картон и го остави својот клуб со играч помалку. Оваа предност Реал успеа да ја искористи во 74. минута, кога на асистенција на Винициус, одлично шутираше Асенсио и го зголеми водството, поставувајќи ги конечните 2:0.
Во италијанското дерби, Милан на Сан Сиро го пречека Наполи. Гостите доминираа во првото полувреме, но до водство стигна домаќинот. Погодокот за Милан го постигна Исмаел Бенасер во 40. минута од натпреварот, што беше и конечен резултат, па Милан реваншот го дочекува со минимална предност.
Резултати од сите четири натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампиони:
Реал Мадрид - Челси 2:0
Милан - Наполи 1:0
Манчестер Сити - Баерн 3:0
Бенфика - Интер 0:2