Мечевите од ЛШ освен во вторник и среда ќе се играат и во четврток / Photo: AA

Во следните три дена ќе се игра првото коло во фудбалската Лига на шампиони во новиот формат во кој ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола.

Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари па наместо во вторник и среда, мечевите од ЛШ ќе се играат и во четврток.

Групната фаза ЛШ ќе трае од 17 септември до 29 јануари 2025 година.

Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман во меѓу 16-те најдобри.

Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. место ќе ја завршат сезоната.

Титулата во Лигата на шампионите ја брани Реал, кој минатата сезона во финалето ја победи Борусија Дортмунд со резултат 2:0.

Реал има најмногу трофеи во ЛШ, откако по 15-ти пат го освои најдоброто европско клупско натпреварување.

Фудбалерите на Милан седум пати беа европски шампиони. Потоа следат Баерн и Ливерпул со по шест трофеи, додека Барселона пет пати беше европски првак.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва од 21 часот на домашен терен го пречекува Штутгарт во првото коло на ЛШ.

Меѓу поинтересните натпревари вечерва се издвојуваат дуелот помеѓу Милан и Ливерпул, како и натпреварот во Минхен, каде Баерн го дочекува хрватскиот првак Динамо, кој со Црвена Ѕвезда се единствените регионални претставници во најсилното натпреварување.

Српскиот шампион во четврток од 18:45 часот на стадионот „Рајко Митиќ“, ја пречекуваат екипата на Бенфика во првото коло од овосезонското ЛШ издание.

Парови од 1. коло на ЛШ:

Вторник, 17 септември:

Јувентус - ПСВ (18:45), Јанг Бојс - Астон Вила (18:45),

Баерн - Динамо Загреб (21), Милан - Ливерпул (21),

Реал - Штутгарт (21) и Спортинг - Лил (21) .

Среда, 18 септември:

Болоња - Шахтјор (18:45 ч.), Спарта - Салцбург (18:45 ч.),

Клуб Бриж - Борусија Дортмунд (21), Селтик - Слован (21),

Манчестер Сити - Интер (21) и Париз Сен Жермен - Жирона (21).

Четврток, 19 септември:

Црвена звезда - Бенфика (18:45), Феенорд - Баер Леверкузен (18:45),

Аталанта - Арсенал (21), Атлетико Мадрид - Лајпциг (21),

Монако - Барселона (21) и Брест - Штурм (21) .


TRT Balkan / агенции
Популарни