Четворицата загинати настрадале во нападот врз 18-катна станбена зграда во киевскиот квар Голосиев / Photo: AA

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека четири лица загинале, а најмалку 35 се повредени како резултат на руски ракетни напади врз главниот град на Украина.

Тој на социјалните мрежи изјави дека четири лица се убиени во напад на станбена зграда од 18 ката во киевскиот кварт Голосиев.

Кличко рече дека во вториот напад се повредени 35 лица, 32 во Голошеево и три во областа Днепар.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко соопшти дека денеска Русија извршила интензивен ракетен напад врз главниот град Киев, како и врз регионите на Миколаев, Харков, Дњепропетровск и Лавов.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека две лица се убиени во главниот град Киев и едно лице во Миколаев на југот на земјата.

„Уште еден масовен напад врз нашата земја. Шест региони беа нападнати од непријателот. Сите наши служби сега работат на справување со последиците од овој терор“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм.

Украинската воздушна одбрана собори 44 проектили и беспилотни летала од 64 лансирани од Русија во неколку бранови напади, изјави Валериј Залужни, командант на вооружените сили на Украина.

Остатоците од руската ракета оштетија и неколку далноводи што резултираше со прекин на електричната енергија во делови од градот.

Оштетени се околу 40 автомобили и автосервис.

AA
Популарни