Ерменија ја призна државата Палестина / Photo: AA

Ерменија денес објави дека ја признала државата Палестина.

„Потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“, се вели во соопштението на МНР.

Министерството соопшти дека Ерменија претходно ги поддржала резолуциите на Генералното собрание на ОН кои повикуваат на итен прекин на огнот во Појасот Газа, каде што Израел уби повеќе од 37.000 Палетинци од октомври минатата година.

Исто така, ги осуди израелските напади врз цивилната инфраструктура и насилството врз цивилното население.

AA
Популарни