За време на првиот топлотен бран на Пиринејскиот Полуостров во јуни, кој беше еден од најраните забележани, шумски пожари се појавија во неколку области.      Фото: Ројтерс

Околу 300 луѓе беа евакуирани во понеделникот од пет градови во шпанскиот регион Екстремадура додека пожарникарите се обидуваа да го изгаснат шумскиот пожар што беснее во регионот.

Локалните власти веќе ја повикаа шпанската војска за помош во гаснење на шумскиот пожар во бујната планинска област Лас Хурдес. Сликите од локациите покажуваат пламени јазици на само неколку метри од куќите.

Околу 170 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот, за кој градоначалникот на градот Нуњоморал рече дека е предизвикан од удар на гром во комбинација со топли и суви временски услови.

Голем дел од земјата, вклучително и Екстремадура, веќе е под „екстремен“ ризик од шумски пожари поради високите температури.

Според климатологот Карлос да Камара, во понеделникот соседна Португалија влезе во состојба на тревога поради ризик од пожари, најголем во последните 42 години.

За време на првиот топлотен бран на Пиринејскиот Полуостров во јуни, кој беше еден од најраните забележани, шумски пожари се појавија во неколку области.

Пожарот во Кастилја и Леон беѓе рекорден шумски пожар во кој изгореа 25.216 хектари полиња и шуми. Оваа година, големи делови од Шпанија и Португалија се соочени со суши.

Една неодамнешна студија објавена во списанието Nature Geoscience сугерира дека климатските промени го направиле Пиринејскиот полуостров кој ги опфаќа Шпанија и Португалија најсув во последните 1.200 години.

Научниците велат дека тоа е затоа што Азорските Антициклони, полу-постојан центар на висок атмосферски притисок во Атлантикот кој делува како „чувар“ на врнежите во Европа, се проширил со затоплувањето на планетата.

Тие станаа значително почести во индустриската ера, и ги туркаат врнежите на север кон Велика Британија, според студијата, и се поврзани со појавата на посуви услови на Пиринејскиот Полуостров.





AA
Популарни