Соборен е дрон од типот Хермес 450 / Фото: AFP

Израелската армија потврди дека Хезболах го соборил нивниот воен дрон на либанска територија.

Претходно во понеделникот, групата на отпорот Хезболах со седиште во Либан соопшти дека соборила израелски модел Хермес 450 со проектил земја-воздух над регионот Туфах во јужен Либан.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел во време на наизменична размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни водеа целосна војна во 2006 година.

Пограничната тензија доаѓа во време на израелска воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

AA
Популарни