Тој додаде дека Америка почнала да го губи чувството за меѓусебно стратешко одвраќање со Русија и предупреди дека тоа е многу опасно / Photo: AA

Во врска со идејата на Вашингтон за ракетна поддршка на Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека САД многу добро знаат каде се црвените линии на Русија и со тоа не треба да се шегува.

Во изјава за државниот канал „Россија“, Лавров ги коментираше плановите на САД за снабдување на Украина со крстаречки ракети за употреба на воени авиони Ф-16.

Изјавувајќи дека нема да биде изненаден доколку се спроведе таков план, Лавров изјави дека САД веќе го поминале прагот што го поставиле и дека тоа го искористил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„САД мора да разберат дека со нашите црвени линии не треба да се шегуваат. Тие многу добро знаат каде се нашите црвени линии“, рече Лавров.

Истакнувајќи дека во САД сè уште има разумни луѓе кои можат да ги проценат последиците од испораката на оружје за Украина, Лавров рече дека се надева дека ќе се земат предвид интересите на САД.

Лавров го обвини Вашингтон дека ги уништил сите принципи кои лежат во основата на советско-американските договори за стратешка стабилност, кои подоцна беа повторно одобрени и развиени со Руската Федерација.

Тој додаде дека Америка почнала да го губи чувството за меѓусебно стратешко одвраќање со Русија и предупреди дека тоа е многу опасно.

AA
Популарни